home Food & Health Најздравите намирници : брокула

Најздравите намирници : брокула

Една од најздравите намирници е брокулата

Прочитајте како да ја одберете најдобрата брокула, како да ја чувате и како да ја подготвите. Зошто овој зелен зеленчук треба да биде дел од твојот најздрав начин на исхрана .

Брокула , основни карактеристики

Достапност: во текот на целата година.

Чување во фрижидер: да рокот на траење: 10 дена во фрижидер.

Припрема: засечете и оставете да стои 5 минути Најдобриот начин на подготовка: здраво готвење на пара 5 минути.

Брокулата потекнува од медитеранскиот дел на Европа. Денес, заради својот уникатен вкус и неверојатна хранлива вредност е најпопуларен зелен зеленчук на Запад. Поради се поголемиот број научни докази за нејзиното корисно дејство за здравјето , се нарекува суперхрана. Прочитајте повеќе…….

Најздравите намирници : брокула

Правилната подготовка на брокулата е клуч за постигнување на најдобриот вкус и хранливите вредности. Поради тоа, треба да го знаеме најздравиот начини на готвење на брокулата. За само 5 минути ќе можете да ја претворите во вкусен зеленчук со високи хранливи вредности.

Зошто брокулата треба да биде составен дел од најздравиот начини на исхрана. Научните студии покажуваат дека зеленчукот од оваа фамилија , како брокулата, е зеленчук кој содржи најголема концентрација на сулфурни супстанци , кои ја зголемуваат способноста на јетрата за создавање ензими кои ќе ги неутрализираат потенцијалните токсични материи. Односно благотворно дејствува на здравјето.

Брокулата е исто така богата со силни антиоксидативни фитонутриенти, лутеин и зеаксантином – каротеноиди. Со антиоксидативен витамин А и Ц, брокулата е богат извор на фолна киселина, хранливи материи кои се важни за здравјето на срцето. Идеална намирница е која треба да се вклучи во најздравиот начин на исхрана, не само заради прехранбеното богатство, туку и поради тоа што е нискокалорична: едно шолче готвена брокула има само 44 калории.

Зелена брокула

Зелена брокула е најпопуларниот вид брокула и најчесто може да се најде во продавниците и пазарите. Името го добила по Италијанската провинција Калабрија, од каде потекнува. Има светло зелени стебло на чии врвови се “гроздови” од темнозелени цветови.

Брокулата е достапна во текот на целата година, но врвот на сезоната се достигнува во текот на ладните месеци кога мразот влијае на формирањето на сладкиот вкус. Во топлите месеци, брокулата е малку поцврста, па затоа ќе треба да се вари околу 1 минута подолго.


Можеби ќе ве интересират слични постови :

Кајгана со брокула и сирење

Која храна е безбедна за јадење со поминат рок на употреба

Зошто треба да се јаде карфиол

Прокељ – ризница за здравјето

Како Меган Маркл слабее за свадбата?

Како и кога да се јаде овошје

Морковот како лек

Целерот ги чува артериите

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)