home Food & Health Како најздраво да ја подготвите брокулата

Како најздраво да ја подготвите брокулата

Најдобар начин на подготвување на брокулата

Ви предлагаме начини како најздраво да ја подготвите брокулата.

Со правилно отстранување и чистење на брокулата ќе се обезбеди најдобар вкус и максимално да се задржат нејзините хранливи материи.

Чистење на брокулата

Пред сечењето брокулата убаво треба да се измие под млаз на ладна вода.

Како да ги зачувате хранливите материи. Немојте да ја оставате да стои во вода, затоа што може да се изгубат оние хранливи материи кои се растворливи во вода.

Чистење на брокулата :

Сечење на брокулата

Сечење на цветовите на брокулата на еднакви парчиња ќе овозможи рамномерно готвење. Колку цветовите се исечат на помали парчиња, толку ќе се подготват побрзо. Се препорачува сечење на цветовите на четвртини. Сечење на цветовите на брокулата на еднакви парчиња и да се остават 5 минути пред готвење исто така ќе влијае на создавање на супстанции кои имаат благотворно дејство на здравјето.

Што да направите со стебленцето и листовите 

Кога ја подготвувате брокулата, најчесто треба да се вклучат и стеблото и лисјата. Не само што се богати со хранливи материи туку имаат и одличен вкус. Со стебленцето и листовите се обезбедува добар баланс на вкусот.

чување на брокулата

Најздравиот начин на готвење на брокулата

Бидејќи истражувањата покажале дека хранливите материи можат да се изгубат или уништат, зависно од начинот на кој зеленчукот се вари, методот на најздравиот начин на готвење за брокулата е насочен кон подобрување на вкусот и максималното зачувување на витамините, минералите и силните антиоксиданси.

Најдобриот начин на подготовка на брокулата

Здраво готвење на пара само 5 минути. Најздравото готвење на пара за само 5 минути дава најдобри резултати, бидејќи и ја дава влажноста потребна за да омекне, го нагласува вкусот, ја задржува нејзината јако зелена боја и максимално ги задржува хранливите материи.

Најдобар начин за чување на брокулата

Броклулата која не се чува правилно е млитава, пожолтена и горчлива. Ако не сакате да ја јадете веднаш по донесувањето дома од продавница, за да може да постигнете оптимален вкус и концентрација на хранливите материи, внимавајте правилно да ја сочувате.

Брокулата ќе остане свежа до 10 дена ако правилно ја чувате во фрижидер. Ниската температура помага во зачувување на хранливите материи и свежината во текот на подолг временски период. Пред да ја ставите во фрижидер, ставете ја во пластична кеса. Колку што можете истиснете го воздухот од кесата , затворете ја убаво и ставете ја во фрижидер. Не ја мијте кога ја ставате во фрижидер, со тоа го успорувате расипувањето.

Со оглед на тоа што витаминот Ц почнува брзо да се уништува откако ќе биде исечена брокулата , останатиот дел е најдобро да го искористи во текот на следните неколку дена.


Слични постови :

Најздравите намирници : брокула

Торта со боровинки и лимон

Кајгана со брокула и сирење

Која храна е безбедна за јадење со поминат рок на употреба

Зошто треба да се јаде карфиол

Прокељ – ризница за здравјето

 

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)