home Food & Health, recipes, Десерт, Рецепти, Храна & Рецепти Торта со боровинки и лимон

Торта со боровинки и лимон

Торта со боровинки и лимон, без млеко и јајца. Готова за само 25 минути.

Со оваа торта можете да послужите 9 парчиња.

Време на подготовка за тортата: 5 минути и 20 минути потребно време на печење.




Потребни состојки за оваа Торта со боровинки и лимон:

300г брашно

215 грама шеќер

1 1/2 лажиче прашок за печиво

80 мл лесно маслиново масло

2 лажички свеж лимонов сок

1 лажичка бел оцет

1 лажичка екстракт од ванила

120 грама свежи боровинки (плус дополнително за сервирање по желба)

ванила шлаг пена за декорирање

какао во прав за декорирање

 

Подготовка на оваа Торта со боровинки и лимон

 

Пред да почнете, загрејте ја рерната на 180°C. Уклучете ја рерната на загревање со вентилатор. Премачкајте со масло, путер или маргарин тавче од 20цм и покријте го дното со хартија за печење.

Рачно миксирајте ги брашното, шеќерот и пецивото во длабок сад додека да се соединат. Направете дупка во средината. Додајте го маслото, лимоновиот сок, екстрактот од ванила и оцедот заедно со 250 мл вода. Полека повторно мешајте додека се создаде мазна смеса. Додадете ги боровинките и истурете ја смесата во тавчето.

Печете околу 17 минути, а потоа тргнете го настрана да излади.

Над тортата нанесете ја шлаг пената од ванила и декорирајте со останатите боровинки. На крајот, нанесете од какаото во прав.

Тортата е готова за сервирање.



Погледнете ги и другите рецепти за торти:

 

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)