home Elite Lifestyle Секојдневни навики и карактерот

Секојдневни навики и карактерот

Без разлика дали тоа е невино отстранување на косата од лицето, ракувањето или изборот на облека, постојат неколку мали навики со кои може да ја откриете личноста на поединецот.

Психолозите велат дека нашето однесување, а особено навиките што ги имаме, покажуваат каков карактер сме, и во продолжение, може да дознаеме што овие навики можат да ни откријат какви сме навистина.

Секојдневни навики и карактерот

Како одиме


Експертите за говорот на телото велат дека начинот на кој одиме открива какви личности сме. Ако тежината ја префрлате на страна
та и чекорите забрзано , вие сте крајно продуктивни и се водите од логиката.

Ако рамениците ги влечете кон назад, а градите напред, додека вашата глава е подигната високо додека одите, вие сте забавна личност, харизматични и луѓето лесно и спремно ве прифаќаат. Имате тенденција да бидете во центарот на вниманието.
Ако целата тежина ја ставате на нозете, повеќе сте заинтересирани за приватниот живот одколку вашата кариера. А ако гледате на подот, љубезни сте и интровертни.

Како одиме

Ракување

Долго време е познато дека начинот на којшто се ракуваме го оставаат првиот впечаток. Покрај должината на времетраењето на ракувањето, неопходно е да се води грижа за притискањето, сувоста на дланките и контактот со очите.
Оние кои се
ракуваат силно и кратко , додека гледаат во очите, се одлучни, позитивни и лесно ги покажуваат своите чувства.

Од друга страна, оние што раката едвај ја пружаат и млитаво ја притискаат раката на соговорникот, се срамежливи и незаштитени.

Ракување

Знаци кога сме нервозни

Секој има свои мали тикови кога се во некоја непријатна ситуација. Луѓето кои ја допираат косата или ги гребеат ноктите се склони кон перфекционизам, и со ова покажуваат дека тие се досадуваат или иритираат.

Знаци кога сме нервозни

Колку сте точни

Да се води рачун за нечие време е позитивна карактеристика на секој поединец. Сепак, многумина од нас доцнат, свесно или не. Луѓето кои доаѓаат на време се повеќе упорни, додека оние кои доаѓаат порано често се невротични. Од друга страна, луѓето кои постојано доцнат се порелаксирани.

Навики кога јадиме

Ние сме она што јадеме, но науката вели дека ние сме и она што како го јадеме. Луѓето што јадат полека сакаат да држат сè под контрола, додека оние што јадат брзо се амбициозни и нетрпеливи. Пребирливите луѓе имаат тенденција да бидат анксиозни, додека оние што сакаат да пробаат нови вкусови, сакаат и авантури и ризици. Ако одвојувате намирници од храната во чинијата, вие сте фокусирани на деталите и многу сте претпазливи.

Навики кога јадиме


Слични постови :

Мали навики кои зборуваат за карактерот

Меган Маркл повторно згреши

Во градинката на Принцезата Шарлот

Принцезата Шарлот на првиот ден во градинка

Дали децата треба да го отстапат местото во јавен превоз?

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)