home Food & Health, recipes, Рецепти, Храна & Рецепти Кајгана со брокула и сирење

Кајгана со брокула и сирење

Кајгана со брокула и сирење е превкусно брзо јадење , кое ако го направите еднаш , ќе го споделувате рецептот со вашите најблиски пријатели, ќе бидете воодушевени.
Можете да ја користите оваа брза кајгана за појадок, ручек или вечера, зависи од самите вас кога сакате да ја подготвите. Сте дошле од работа, брзински направете ја. Односно кога сакате за кратко време да направите брзо и вкусно јадење, а тоа е оваа брза кајгана со брокула и сирење.

пржење на брокула

За подготовка на кајгана со брокула и сирење, потребни се :

4 – 5 јајца, а може и повеќе ( зависи од бројот на луѓето )

200 – 300 гр брокула ( или една средно голема китка )

100 г сирење , може и кашкавал или какво што имате дома

4 парчиња леб ( може и повеќе ако јадете повеќе леб )

сол , црн бибер

Подготовка на кајгана со брокула и сирење

Изматете ги јајцата заедно со солта и црниот бибер.

Загрејте малку масло во тавче за пржење. Додадете ја сецканата брокула. Се меша одвреме навреме се додека да добие светло зелена боја. Додајте ги изматените јајца и продолжете со пржење. Посипете со сирење и покријте ја тавата. Пржите додека не почне да се топи сирењето.

Лепчињата запечете ги на тостер или на шпорет и јадете ги со топлата кајгана со брокула и сирење. Ќе бидете воодушевени.
кајгана со брокула и сирење


Лични постови :

КАЈГАНА СО ТИКВИЧКИ

Која храна е безбедна за јадење со поминат рок на употреба

Зошто треба да се јаде карфиол

Како и кога да се јаде овошје

Морковот како лек

Индиска салата

Сезонско овошје и зеленчук во јануари

Природен прочистувач на организмот

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)