home Something Interesting За љубовта – Цитати и изреки

За љубовта – Цитати и изреки

Љубовта е често мотивација, причина и повод да се направи нешто, инспирација и тема на најубавите уметнички дела, но исто така и главна движечка сила во секојдневниот живот. Кога ја сакаме нашата работа, нам ни е полесно да го правиме тоа, кога го сакаме она со што се занимаваме – ние сме подобри во тоа, кога сакаме некого – имаме сила за сè, а кога се сакаме себе – ништо не ни претставува препрека.

За љубовта многумина пишувале, во нејзино име создавале и се бореле, биле инспирирани. Многумина се обиделе да ја објаснат, да ја научат и да ја разберат, но за некого љубовта исто така била најголема болка и патење.

Погледнете што рекле и што мислеле за љубовта некои од најпознатите уметници, големи умови, важни историски и современи личности

За љубовта - Цитати и изреки

За љубовта – Цитати и изреки

Љубовта се состои од една душа која живее во две тела. – Аристотел

Бакнежот е прекрасен трик дизајниран од страна на природата за да го прекине говорот кога зборовите стануваат излишни. – Ингрид Бергман

Не е важно колку работите, но важно е колку внесувате љубов во она што го работите и колку им даруваш на другите. – Мајка Тереза

Љубовта нема години, таа секогаш се раѓа. – Блез Паскал.

Се што ви треба е љубовта. – Џон Ленон

Како можам да мразам некого кој што ми пружа само љубов? – Пауло Коељо

Заљубувањето е нешто добро, забавно и во голема мера може да го збогати животот. Но, тоа е различно од љубовта. Љубовта нема цена, и не смее да се менува за ништо. – Пауло Коељо

Љубовта е најсилната сила која што светот може да ја претстави себеси, а истовремено и најскромната. – Махатма Ганди

 Да бидеш длабоко сакан од некој ти дава сила, а да сакаш некого длабоко ти дава храброст. – Лао Це

Вистинската љубов размислува во моментот и за вечноста, но никогаш за времетраењето. – Ниче

Гравитацијата не е одговорна што луѓето се заљубуваат. – Алберт Ајнштајн

За вљубените времето е секогаш кратко и ниедна патека не е доволно долга. – Иво Андриќ

Љубовта е игра која може да ја играат двајца, и дека и двајцата победуваат. – Ева Габор

Колку помалку жената ја сакаме, толку повеќе и се допаѓаме. – Александар Сергеевич Пушкин

За љубовта - Цитати и изреки


Ви предлагаме слични постови :

За успех – Цитати и изреки

За образованието – Цитати и изреки

Цитати и изреки – Никола Тесла

Среќа – Цитати и изреки

Цитати и изреки – За пријателство

Денот на вљубените

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)