home Food & Health, Совети за готвење, Храна & Рецепти Која храна е безбедна за јадење со поминат рок на употреба

Која храна е безбедна за јадење со поминат рок на употреба

Дел од производите треба веднаш да бидат фрлени откако ќе им помине датата “употребливо до„. Сепак,  некои производи се безбедни за јадење и после оваа дата. Односно, храната со поминат рок на употреба има свој втор продолжен рок на употреба. Погледнете која храна е безбедна за јадење со поминат рок на употреба и до кога може да се конзумира.




Со хрлањето на храната придонесуваме за зголемување на овој светски проблем. Прочитајте повеќе на следниот линк: Фрлање на храна- проблем на глобално ниво. Голем дел од храната се фрла само затоа што и поминал рокот на употреба.

Секогаш морате да внимавате на датата, односно на рокот на употреба за месото,рибата и морската храна. За останатаите производи, може да се продолжи рокот.

Која храна е безбедна за јадење со поминат рок на употреба и до кога може да се конзумира?

Погледнете ја оваа листа од 18 производи кои можете да ги јадете иако е поминат рокот.

Колачи

   

Иако овие производи може да изгубат од својата свежина штом им помине рокот на траење, сепак можете да ги јадете и после неколку недели.

Суви тестенини

 

Иако рокот на траење на тестенините е релативно долг, сепак тој може да се продолжи за уште три години. Секако, тоа е доколку ги чувате на ладно и суво место.

Конзервирана храна

Конзервираната храна може да се користат и после четири години откако им е поминат рокот. Но, само доколку конзервите не се оштетени и се чуваат на ладно место и подалеку од директна светлина.

Леб

Датата на употреба на лебот подразбира дека лебот е оставен во кујната. Можете да го продолжте тој рок за две недели доколку го чувате во фрижидер.

Кисели краставички

Киселите краставички и другите слични производи може да се употребуваат и до две години после рокот на траење. Тоа е возможно доколку се чуваат во фрижидер. Но, може да изгубат малку од својата крцкавост.

Јајца

Доколку ги чувате во фрижидер, можете да ги конзумирате и до три недели откако ќе им помине рокот на траење. Но, внимавајте. Доколку кога ќе ги скршите сетите непријатна миризба, знаете дека мора веднаш да ги фрлите.

Чоколада

Се додека има убав вкус, може да се јаде. Понекогаш, можете да забележите мало побелување на  постарото чоколадо, но тоа се јавува поради кристализирање на шеќерот. Тоа, нема да ви наштети.

 

Тврдо сирење

Мувлата не може да навлезе во тврдото сирење, па доколку едноставно ја отстраните од сирењето, ќе можете без проблем да го јадете.

Замрзнат зеленчук

Доколку зеленукот е замрзнат, нема рок на траење.

Јогурт

Доколку јогуртот не е птворен, можете да го конзумирате уште две недели откако ќе му помине рокот на траење.

Листови салата

Доколку не забележите промена во изгледот или мувла, можете слободно да ги јадете и после рокот на траење.

Алкохолни пијалоци

Доколку правилно се грижите за нив, пијалоците како виски, џин и вотка можат да траат не ограничено.

Млеко

Можеби нешто на што сите внимаваме малку повеќе. Но, доколку млекото не мириса лошо и има нормален вкус, можете слободно ја го игнорирате рокот на траење.

Сос од соја

Се додека шишето е затворено, можете да го користите со години после рокот на траење.

Шеќер

Се додека се чува на суво место и во добро пакување заштитено од влага, ќе трае бесконечно.

Мед

Технички, медот воопшто не се расипува.

Бел ориз

Белиот ориз и другите житни производи кои се спакувани добро и не се отворени, немаат рок на траење.

Оцет

Рокот на траење на оцедот е неограничен.



Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)