home Something Interesting Денот на вљубените

Денот на вљубените

Освен Запад, овој ден го слави и Православната Црква.Светецот кој го слават православните е Свети Трифун. Светиот православен празник се слави на 14 февруари. Свети Трифун се смета за заштитник на виновите лози, лозја и виното……

Денот на Свети Валентин, попознат како Денот на вљубените, е празник кој се слави на 14-ти февруари секоја година. Директно или индиректно него го слават голем број луѓе ширум светот, иако овој ден е обичен работен ден.

Денот на вљубените

Во 3 век, во времето на античкото римско царство, во време кога Римјаните ги прогонувале христијаните, еден мудар и чесен свештеник по име Валентин живеел во Рим.

Кога не ги обавувал своите свештенички должности тој работел во својата градина. Еден ден дошла кај него една девојка и побарала од него да и даде една ружа за едно болно момче. Враќајќи се по неколку дена, таа му се исповедала на свештеникот. Му кажала како момчето било среќно што ја добило ружата и го замолила да и даде уште една . Валентин ѝ дал уште една ружа за да му ја однесе на нејзиниот пријател, а самиот одлучил да ги посети сиромашните, болните и осамените, носејќи им од неговите ружи и други мали ситници за да ги израдува. Се прочуло за неговата љубезност кон неговите блиски

Денот на вљубените

Зошто Февруари? Така, Црквата ја проповедала приказната за Свети Валентин, свештеник кој во тоа време ги игнорирал наредбите на царот Клаудиј, кој го забранил венчавањето на римските војници за да не се свртат кон семејството. Свештеникот Валентин ја игнорирал наредбата и потајно ги венчавал заљубените парови ризикувајќи затвор и погубување. Токму таква судбина го погодила на 14 февруари. кога неговата глава била отсечена. Народот го прогласил за светец, а подоцна свештенството одлучило 14-ти февруари да се слави како Денот на вљубените , Свети Валентин.

Денот на вљубените

Денот на вљубените денес се слави низ целиот свет на различни начини. Но не се ограничува само на вљубените парови , и на изгубените љубови. На денот на вљубените се слави љубовта кон детето, кон родителите и обратно, меѓу пријателите и сите оние што ги носиме длабоко во срцето. Денот на вљубените е денот кога, по Божиќ, светот испраќа најголем број честитки и се продаваат најмногу цвеќиња. Многу заљубени двојки патуваат во Париз, еден од најромантичните градови и Верона, родното место на најпознатата љубовна двојка – Ромео и Јулија.

Секоја култура внесува нешто свое

Црвената ружа станала популарна во арапската, индиската, кинеската и јапонската култура. Секоја култура внесува нешто свое, па затоа денес Денот на вљубените се слави на различни начини низ целиот свет.

Денот на вљубените


Ви предлагаме интересни постови :

Љубов,Здравје и Успех- приказна

Мудри,кратки и поучни приказни – Зошто викаме ?

Мудра приказна-за еден мал жолт цвет

Среќа – Цитати и изреки

Цитати и изреки – За пријателство

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)