home Food & Health, Природа Зошто треба да се јаде карфиол

Зошто треба да се јаде карфиол

Карфиол нуди многу можности за импровизација во кулинарството. Можете да го подготвите во многу начини, а на вашиот организам ќе му обезбеди многу корисни состојки. Зошто треба да се јаде карфиол

Еве некои корисни работи за карфиолот

Карфиолот е зеленчук кој не содржи масти и натриум. Редовното конзумирање на карфиол во исхраната го намалува ризикотот од развој на рак. Овој зеленчук содржи витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б9, минерали и корисни фитохемикалии. Тој е добар извор на влакна, протеини, фосфор, калиум и има висока содржина на витамин Ц. Карфиол содржи калиум, минерал кој е многу важен за развој на коските и мускулите.

Покрај тоа, во овој зеленчук постојат и изотиоцијанати кои го спречуваат развојот на клетките на ракот. Редовното конзумирање на карфиол го спречува оштетувањето на организмот поради дејството на слободните радикали, бидејќи содржи моќни антиоксиданти.

Карфиол делува превентивно појавата на кардиоваскуларните заболувања и рак. Во карфиолот има многу витамин К и омега-3 масни киселини, кои ги намалуваат воспаленијата. Редовното консумирање на овој зеленчук го намалува ризикот од настинки, артритис, дебелина, дијабетес …

 Зошто треба да се јаде карфиол

Карфиолот може да ги намали воспаленијата и да го зачува здравјето на крвните садови. Исто така, овој здрав зеленчук позитивно влијае на циркулацијата.

Овој зеленчук содржи глукозинолати кои ја активираат природната детоксикација на организмот. Научните истражувања покажаат дека глукозинолатите дејствуваат превентивно на појавата на некои видови на рак.

Во карфиолот се наоѓа и алицин кој влијае позитивно врз здравјето на срцето и го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар. Покрај тоа, комбинацијата на селен и витамин Ц го зајакнува имунолошкиот систем и го одржува нивото на холестерол во крвта.


Слични постови :

Како и кога да се јаде овошје

Морковот како лек

Целерот ги чува артериите

Природен прочистувач на организмот

Сезонско овошје и зеленчук во јануари

Игра на меморија за деца – видови зеленчук

Прокељ – ризница за здравјето

Портокал јужно овошје

Карамелизирани моркови со мед

Храна за бебиња

 

 

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)