home Something Interesting Индиски народни поговорки и изреки

Индиски народни поговорки и изреки

Погледнете ги најинтересните Индиски народни поговорки и изреки. Во морето на поучни и корисни поговорки, издвојуваме дел од оние кои што во денешниот современ свет, во каков што живееме, можат многу добро да послужат како совет или потсетник во одредени ситуации…..

Погледнете ги најинтересните Индиски народни поговорки и изреки. Во морето на поучни и корисни поговорки, издвојуваме дел од оние кои што во денешниот современ свет, во каков што живееме, можат многу добро да послужат како совет или потсетник во одредени ситуации.....

1. Капка вода што паѓа на жешко железо ќе испари, иста капка вода ако падне на цвет од лотос, ќе сјае како бисер, а ако падне на школка, таа ќе стане бисер. Така, човекот постанува она со што се поврзува.

2. Природата на човекот може да ја променат само две работи; пари и жени.

3. Не ја сечете вистината како со нож, туку зборувај ја со љубов.

4. Водата станува чиста така што тече и понатаму , а човекот со движење напред.

5. Да се греши е човечки , а простувањето е божествено.

6. Како што тесната облека смета при движењето на телото – така богатството го нарушува движењето на душата.

7. Секој што ќе го победи стравот,тој е опасен противник на тигарот.

8. Ако сакаш да бидеш среќен еден ден, напиј се. Ако сакаш да бидеш среќен една недела – ожени се. Но, ако сакаш да бидеш среќен цел живот, одгледувај цвеќиња.

9. Подобро е да живеете во вашата татковина во неволја отколку во туѓина задоволен.

10. Без здравје нема богатство.

11. Лебот на сиромашните е посладок од лебот на богатите, зашто гладот му дава сладост.

12. Се смеев кога ми кажаа дека и рибата во водата е жедна.

13. Никој никогаш не се изгубил по рамен пат.

14. Ако нас ни е добро, ќе им биде добро и на другите.

15. Ако не знаете кој е виновен, тогаш обвини го јазикот.

16. Ако ја затвораш вратата на сите грешки, ќе и ја затвориш и на вистината.

17. Мајката е божество, а таткото е богатството на домот.

18. Ако ја затворите вратата со сите маани, и вистината ќе остане надвор.

19. Доволно е да сте исполнети со љубов. Ништо повеќе не ви е потребно.

20. Вчера бев паметен. Затоа сакав да го сменам светот. Денес сум мудар. Па затоа јас се менувам.

21. Подобро е да се биде претпазлив, отколку слепо да се јуриша.

22. Секој човек е единствен чувар на сопствената чест.

23. Светот изгледа мрачен кога очите се затворени.

24. На почетокот на човечкиот живот постои незнаење, во зрелата доба страдање, а во староста тага.

25. Големите срца сакаат, а малите сакаат да бидат сакани.




Прочитајте повеќе:

Кинески народни поговорки и изреки

Руски народни поговорки

За љубовта – Цитати и изреки

За успех – Цитати и изреки

Цитати и изреки – Никола Тесла

За образованието – Цитати и изреки

Среќа – Цитати и изреки

Цитати и изреки – За пријателство

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)