home Something Interesting Руски народни поговорки

Руски народни поговорки

Погледнете ги најинтересните руски поговорки и изреки. Во морето на поучни и корисни поговорки, издвојуваме дел од оние кои што во денешниот современ свет, во каков што живееме, можат многу добро да послужат како совет или потсетник во одредени ситуации…..

Ви предлагаме некои поинтересни руски народни поговорки

1.Со богата капа на главата не можеш да ја сокриеш сиромаштијата во сопствената глава.

2. Поранешниот пријател е полош од непријателот.

3. Полесно е да ги избегнете караниците, отколку да им ставите крај.

4. Ако одиш брзо, ќе те престаса невољата , а ако одиш полека, невољата тебе ќе те стаса.

5. Не ја пуштај стрелата, ако знаеш дека нема да ја погоди целта.

6. Не ме фали во очи, не ме оговарај зад мојот грб.

7. Никогаш не фрлајте кал во бунар од кој некогаш си пиел.
8. Човек не е љубоморен кога сака, туку кога сака да биде сакан.

9. Брзо се сушат солзите за туѓата болка.

10. Среќата е како треска; Кого го сака, него ќе го нападне .

11. Не можете да ги натерате другите луѓе да им се допаднеш .

12. Човечката злоба секогаш доаѓа од немоќноста .

13. Тајната на човековото битие не е во тоа да се живее, туку зошто живее.

14. На гостите двапати им се радуваме. Кога ќе дојдат и кога ќе заминат!

15. Само солзите во срцето знаат за голема болка , но не и солзите во очите!

16. Девојките мислат на брак, а мажените жени мислат на љубов .

17. Двајца может повеќе од еден, а еден може повеќе од десетмина

18. Најубаво патува оној кој знае кога треба да се врати.

19. Детето е како тесто; како сте го замесиле, така и ќе израсне. Љубезниот збор е како пролетен ден.

20. Само пријател ќе се согласи со вас, а вистинскиот пријател ќе се расправа.

21. Ставете на јадицата пофалба па ќе ги уловите будалите.

22. Да знаете многу, тоа значи предвреме да остарите.

23. За што молиме во младоста, во староста го фрламе.

24. Додека парите зборуваат, вистината молчи.

25. Сиромаштијата е грев што богатите никогаш не го простуваат.

26. Од вашиот труд можеш да бидеш сит, но не и богат!

27. Бидете сигурен дека сте во право, па потоа одите напред.

28. Долго чека оној кој чека нестрпливо.

29. Стравот е првиот асистент на непријателот.

30. Кога мажот пие, гори половина од куќата ; кога жената пие, тогаш гори целата .

31. Богатиот човек во борбата се обидува да го зачува лицето, а сиромашниот капутот.

Руски народни поговорки




Погледнете слични постови :

Кинески народни поговорки и изреки

За образованието – Цитати и изреки

За успех – Цитати и изреки

Цитати и изреки – Никола Тесла

Цитати и изреки – За пријателство

Интересни факти за Никола Тесла

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)