home Something Interesting Кинески народни поговорки и изреки

Кинески народни поговорки и изреки


Погледнете ги најинтересните кинески поговорки и изреки. Во морето на поучни и корисни поговорки, издвојуваме дел од оние кои што во денешниот современ свет, во каков што живееме, можат многу добро да послужат како совет или потсетник во одредени ситуации…..

Ви предлагаме некои поинтересни kинески народни поговорки

1.Децата се огледало на родителите.

2. Ако сте трпеливи во еден момент на гнев, ќе избегнете сто дена на тага.

3. Еден паметен човек учи десет работи, а верува во една, а неучениот учи една работа, а верува дека знае десет.

4. Ако сакате да престанете да пиете, посматрајте го пијаницата додека сте трезен.

5. Бидете внимателни кога ќе посакате нешто. Можеби тоа ќе се оствари.

6. Чистата совест не се плаши од тропање ноќе.

7. Човек кој може да победи други – е силен; Човекот што ќе се победи себе – е семоќен.

8. Животот на детето е како парче хартија, на кое што секој остава белешка.

9. Ако му дадете на човек риба; Ќе го нахраните за еден ден. Научете го човекот како да лови риби; Сте го нахраниле за цел живот.

10. Еден ден без смеа е изгубен ден.

11. Кога илјада луѓе веруваат во глупава работа, таа и понатаму останува глупа.

12. Ако долго време живеете заедно, ќе ги засакате животните, а луѓето ќе ги замразите.

13. Една радост ќе отргнат стотици грижи.

14. Штом ќе станеме свесни за болеста, ние сме поблизу до оздравување.

15. Не се оборува секое дрво со првиот удар.

16. Ако знаеме дека сме направиле зло, а одбиваме да го признаеме, ние сме двојно виновни.

17. Раната која ќе ти ја направи пријател, никогаш нема да зарасне.

18. Каде што една врата се затвора, се отвора друга.

19. Солзите што ги предизвикал син кај мајка си, единствено само тој може да ги исуши.

20. Во моментот на успех, не заборавајте ги вашите неуспеси.

21. И скромната среќа е среќа. Подобра е колиба од слама во која се слуша смеа од срце, одколку мермерна палата во која сите плачат!

22. Знаењето е богатство што насекаде го следи неговиот сопственик .

23. Оној кој знае да чека, времето му ја отвара вратата.

24. Кој има сила зема со сила, кој нема сила, зема со памет.

25. Не се плаши од бавен напредок, туку од стоење во место.

26. Не зборувајте за вашиот успех пред личност која не успеала.

27. Само со туѓи очи можат да се видат сопствените грешки.

28. Оној што ги сака другите, е личност што ја сакаат другите.

29. Еден ден без работа е како ден без храна.

30. Среќата доаѓа во куќа каде што се слуша смеа.

Кинески народни поговорки и изреки


Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)