home Beauty & fashion, Food & Health Како Меган Маркл слабее за свадбата?

Како Меган Маркл слабее за свадбата?

Како и секоја девојка која се подготвува за важен настан, така и Меган напорно работи на својот изглед за свадбата. Со оглед на тоа што целиот свет ќе ја гледа нејзината свадба со принцот Хари, Меган сериозно почна да работи на својот изглед. Дознајте како Меган Маркл слабее сега, а како порано.

Меган Меркел слабее

Но, како што можеме да заклучиме од нејзината последна појава во јавноста, дури можеби и премногу.

Меган е љубител на јога и според неа, од јогата има големи придобивки. Со оглед на тоа што нејзината мајка е инструкторка по јога, јасно ни е дека Меган уште од мала се занимава со јога.

 




 

 

Исто така, еден од омилените спортови на оваа американска актерка е и трчањето. Меган во едно свое интервју извјави дека трчањето и помага да  си ја разбистри главата и секако, да остане во форма. Исто така и Кејт Мидлтон и сестра и Пипа се занимаваат со овој спорт и е еден од начините на кој одржуваат кондиција и форма.

Како и секоја позната личност и она се занимава со вежби за добар изглед. Во последно време вежба дома и е голем обожавател на Tracey Anderson.

Погледнете некои од вежбите тука:




Сепак, на Меган ова не и е доволно, па затоа побарала помош од страна. Според извори блиски до Меган дознаваме дека актерката всушност побарала помош од нејзината добра пријателка Серена Вилијамс. Серена ја има ставено Меган на строг режим на вежбање и исхрана.

Верувале или не, Меган мора да прави по 500 стомачни вежби секое утро. Според изворот: “НА почетокот беше агонија, но веќе веќе влезе во штос„.

Исто така Меган многу повеќе е посветена на трчањето, се занимава со  power running. Барем секој втор ден Меган трча по 10к со телохранителите на Хари, а со нив вежба и држење темпо при трчањето.

Но, покрај вежбите за совршен изглед потребно е и внимавање на исхраната. Меган, веќе се има откажано од задоволставата како леб, алкохолни пијалоци и нејзиниот омилен пијалок смути.

Но, пријателите на Меган почнуваат да се загрижуваат, затоа што веќе за неколку недела има намалено за 1 конфекциски број.



Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)