home Elite Lifestyle, Македонски, Образование Во градинката на Принцезата Шарлот

Во градинката на Принцезата Шарлот

Принцезата Шарлот ќе ги поминува деновите од понеделник до петок во Willcocks Nursery School. Оваа елитна и ексклузивна градинка се наоѓа во областа Кенсингтон и е во близина на нејзиниот дом, Палатата Кенсингтон. Погледнете како е во градинката на Принцезата Шарлот.

 градинката на Принцезата Шарлот

Цената за утринските часови во градинката за оваа две годишна принцеза изнесува £3,050 по семестар. Во градинката има три семестри: Јануари, Април и  Септември. Според тоа, за утрински часови, цената во оваа градинка изнесува £9,150 годишно. За попладневните часови, цената е пониска и изнесува £1, 800 по семестар, односно £5,400 годишно.



Принцезата најпрво ќе ја посети градинката со родителите Кејт и Вилијам на краток престој и игра. Потоа Принцот Вилијам и Кејт ќе ги замолат да излезат, но да бидат во близина за да видат како ќе реагира Шарлот.  Ова се препорачува само за првите неколку сесии.

Градинката препорачува родителите со детето да ја донесат омилената играчка и фотографија од родителите. Исто така, се препорачува родителите да земат фотографија од воспитувачката со нив дома. На тој начин се зголемува блискоста и полесно се прилагодува детето за престојот во градинка.

Во оваа градинка има вкупно 32 деца на возраст од 3 до 5 години. Децата ја посетуваат градинката 5 дена во неделата, но за разлика од кај нас, престојот трае 3 часа. Утринските часови започнуваат во 9 часот а завршуваат во 12 часот.




Децата имаат забавни и добро структуирани утрински сесии со многу игри. Преку овие игри децата се подготвуваат за првиот дел од учењето да читаат, пишуваат и да ги препознаваат едноставните броеви до 20, без никаков притисок.

Попладневниот престој е помалку структуиран, но ги вклучува скоро истите игри, како и музика и уметност.

Исто така, децата имаат посети на научни и природно- историски музеи и имаат посети на полициска станица и пожарна. Ќе се разговара на теми од областа на археологијата и екологијата исто така, затоа што се планирани и посети до парковите и другите значајни места во Лондон.

Имаат програмски играчки, слагалици и сет од модели и коцки за градење со кои ги развиваат своите вештини за решавање на проблеми.

Децатат поминуваат голем дел од времето надвор, летајќи змејови, трчајќи со ленти и играјќи со играчки со тркала со што се развива нивната физичка контрола.

Во оваа градинка Шарлот ќе ужива во часовите по готвење, грнчарство, поезија, глума и пеење. Исто така имаат и активности каде покажуваат што знаат и умеат да направат.

Областите во кои ќе развиваат децата се: Математика, писменост, разбирање на светот и експресивна уметност и дизајн.

Градинката е основана во 1964 од страна на Diana Willcocks и на ова место се наоѓа од 1984 година.

Во градинката треба да се регистрира детето уште по самото раѓање, затоа што листата на чекање е голема. Цената за регистрација е £125, но таа не гарантира место за детето. Средствата не се повратни доколку детето не е прифатено во градинката.  Во оваа градинка, се плаќа однапред. Допозит од £1,500 се плаќа веднаш штом апликацијата е прифатена и е обезбедено местото за детето во градинката.

Погледнете го распоредот за утринските сесии во оваа градинка:

Прочитајте повеќе:






This is the kindergarten where Princess Charlotte will spend her mornings. She will attend this kindergarten everyday from Monday to Friday from 9 a.m. to 12 p.m.

The cost for the kindergarten is £3,000 for full time sessions. You need to pay a £125 to apply for a place in the kindergarten. If your child is accepted you need to pay £1,500 deposit. If your child is not accepted, the application fee of  £125 will not be returned.

This is one of the well known kindergartens which focuses on learning, singing, literacy, mathematics, cooking, pottery lessons and many more activities. It is an elite and very prestige kindergarten here each session lasts for 3 hours.

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)