Филџан баклава

Ова е посебно вкусна баклава .Посна , со посебен вкус .

Многу парчиња излегуваат.Ви ја предлагаме како убав,вкусен , декоративен и необичен десерт за предстојните слави и празници.

Се надеваме дека ќе ја направите , а и дека ќе бидете задоволни

Потребни состојки за филџан баклавата :




500 грама готови пресни кори

500 грама ораси по можност дабидат мелени ( може и помалку ако немате )

200 грама гриз

1 лимон

1200 грама шекер

1 литар вода

зејтин по птреба

Подготовка на филот за филџан баклавата

Филџан баклавата започнува најпрво со подготовка на гризот. Тој се запржува со 1 лажица зејтин да зарумени. Потоа во гризот се додава 500 милилитри ладна вода плус 4 лажици шекер. Се остава да се свари гризот густо.

Се трга гризот од огинот и му се додаваат мелените ораси ( колку можете да ставите ) . Во гризот исто така се ренда и кора од еден лимон, може и ванила.

Постапка на подготовка :

Се земаат две кори , една врз друга. Се попрскуваат со зејтин.

Потоа корите се сечат на 6 ленти . Врз секоја лента се става по едно лажиче од претходно подготвениот фил.

Се витка најпрво згужвано топче ( да се соберат оревите ) потоа продолжуваш да виткаш како триаголник – тригон.

Вака подготвените триаголници се редат во подмачкан плех.

Се прават триаголници , се додека се потроши филот и корите.

Филџан баклава

Филџан баклавата се пече во загреана рерна на 200 степени . Се пече додека да зеумени ( 30 – 40 минути ).

Совет :

Пред да се отпочне со подготовка на филџан баклавата , се вари шербет.

Бидејки се пари врела филџан баклава, а ладен шербет.

Подготовка на шербет за филџан баклавата

1200 грама шекер

Еден литар вода

Се вари шербетот и му се додава сок од пола лимон и две ванилин шекер.

Откога ќе се свари шербетот на врвот од лажичето се става сода бикарбона за да се испени .

Се додаваат и парчиња лимон од остатокот лимон во шербетот.

Филџан баклава

Сличн линкови  :

Баклава со вишни

Баклава со фил

Посна баклава со урми

Посна баклава со кадаиф

Домашна посна баклава

Домашна чоколадна баклава

Посна чоколадна баклава

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)