Што јадат врвните балерини во светот

Сите сме восхитени од грациозноста, елегнцијата и изгледот на балерините. Нивниот изглед е дури и поважен од изгледот на познатите личности. На интернет често се пребарува што е тоа што го јадат познатите личности за да изгледаат добро. Но, дали сте се запрашале што јадат врвните балерини во светот?

Џо Бауер, официјалниот нутриционист на Балетот на градот Њујорк, објаснува што е тоа што она им го препорачува на балерините. Верувале или не, нивната исхрана е достапна за секого.

Што јадат врвните балерини во светот?

Појадок

 

Појадокот е навистина важен оброк затоа што со него го започнуваме денот. Потребно е да ни даде енергија, да ги разбуди мозочните клетки и да го подобри метаболизмот.

Затоа советот на Џо за балерините е да ги прескокнат житариците. Тие содржат едноставни јаглехидрати кои го зголемуваат шекерот во крвта, и прават да се чувствувате слабо и за брзо време гладно. Исто така, кифлата со путер, сок и било што друго, не е воопшто добар избор. Тоа се чисти јаглехидрати и масти.

За здрав појадок каков што јадат врвните балерини во светот и ни е потребен на сите , Џо предлага да се одбере “динамично дуо„ од протеини и влакна. Протеините помагаат да се разбудат мозочните келии и да се подобри метаболизмот. Миксот од протеини и влакна помага да се задржи нивотот на енергија понатаму во денот. Исто така, прави да се чувстувате заситено до ручекот.

Според тоа, што препорачува Џо? Јајца со леб од цели зрна, грчки јогурт ( Greek yogurt parfait) со бобинки (јагоди, малини, капини… ) и гранола или мусли, па дури и остатоци од пилешкото со зеленчук од претходниот ден.

   greek yogurt parfait

Ручек:

Дали мислите дека балерините имаат салата за ручек? Ако одговоривте потврдно, тогаш сте во право.

Но, салатата што ја нуди Џо е преполна со протеини и антиоксиданси. Салата која е преполна со зеленчук е добар извор на протеини. Дополнително, може да се јаде пилешко или риба на скара, тофу или црн грав, затоа што ни содржат фитонутриенти и антиоксиданси кои ни се потребни за да имаме енергија.

Друго нешто? Тортиљи со цели зрна, полнети со месо од мисирка или пилешко, авокадо, марула и патлиџани. Доколку сакате нешто што повеќе ќе ве засити, земете тешки супи и чорби со леќа, црн грав, минестрон италијанска чорба или пилешки нудли. Исто така, путер од кикиритки и парчиња банана, јаболко или бобинки на леб со цели зрна е превкусен оброк кој дава енергија.

   

 

Вечера:

Затоа што балерините јадат лесна храна во текот на денот со цел да ја намалат подуеноста, за вечера јадат пообилно. Според Џо, вечерата треба да биде балансирана, со многу посни протеини како што е пилешко, риба, свинско чисто месо, леќа и тофу. Исто така да се јаде и зеленчук богат со антиоксиданси, како брокули, пиперки и моркови. Плус, цели зрна како што е киноа, кафеав ориз или тестенини со цели зрна.

 

Ужина:

Доколку внимавате на тежината, Џо препорачува храна до 200 калории. Тука секако се јаболко со путер од кикиритки, бамбарки со  ¼ шол хумус, грчки јогурт со банана или домашен микс направен со житарки од цело зрно и 1 – 2 лажици бадеми и суво грозје.

   

 

 

 

 

 

 

Здрава/ нездрава храна

Кога станува збор за здрава/ нездрава храна, Џо препорачува да се следи формулата 90/ 10. Односно, 90% здрава храна и 10% не толку здрава храна. Секако, после секое „забрането„ задоволство треба да се вратиме на здравата храна.

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)