home recipes, Десерт Домашна чоколадна баклава

Домашна чоколадна баклава

Домашна чоколадна баклава која е лесна за правење и навистина вкусна.

Потребни состојки за чоколадна баклава :

1 / 2 килограми готови кори

200 – 300 грама мелени ореви, исто така може да бидат бадеми или лешници

200 – 300 грама чоколада за готвење

Ако сакате баклавата да е мрсна, можете да го замените чоколадото со некое млечно чоколадо.




 

За прскање на корите ви е потребно :

една коцка растителен маргарин
Исто тако 5-6 лажици зејтин

Маргаринот се загрева малку за да се измеша со маслото.

 

Како да ја подготвите оваа чоколадна баклава :

Најпрво, измешајте ги мелените ореви или бадеми и лешници, односно што имате дома.

Ги мешате со рендано или мелено чоколадо за готвење.

Можете да ставите 1-2 ванила во оваа мешавина.

Моја препорака е да се стави и 1 – 2 лажици презла.

Бидејќи подобро се апсорбира шербетот .

Можете да изрендате кора од лимон или кора од портокал во филот за баклавата .
За што ќе се одлучите зависи од вас.

Начинот на изработка на баклавата :

 

Земете 2 кори. Корите се прскаат со мешавина од маргарин и масло.
Можете тоа да го направите и со четка со оваа мешавина.

Корите ги преклопувате .

На едниот крај се става 2-3 лажици од филот од чоколадо и ораси и се витка во ролат .

Правиме исти такви ролати додека го потрошиме целиот фил.

Исто така додека ги потрошиме и корите .

Сите направени ролати ги ставаме во подмачкан правоаголен плех.

Пред да ги ставиме да се печат , ролатите ги мачкаме со четка од мешавината од маргарин и зејтин.
Исто така ролатите ги сечиме на парчиња .

Овака припремените ролати ги ставаме во загреана рерна да се печат .

Баклавата се пече на умерена температура, за да не се вцрви многу .

Баклавата треба да има златеста боја.

Шербет :

  • 1 килограм шекер,
  • 1 / 2 литар вода,
  • еден лимон исецкан на тркалца
  • 1-2 ванили



Препорака : Шербетот направете го пред да ја печете баклавата .

Се попарува врела баклава со ладен шербет.

Оставете да се впие убаво шербетот.

 

Прочитајте повеќе:

Посна чоколадна баклава

БАКЛАВА „ КОПЕНХАГЕН “

Баклава со вишни

 

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)