home Beauty & fashion, Здравје и Убавина Патики како моден стил

Патики како моден стил

Патики – тип на обувка која е удобна, ниска и овозможува да се движи телото поудобно. Па затоа е разбирливо зошто во светот на модата им се задава важно место.
Денес пазарот нуди различни видови на спортски обувки но вистината е дека овие спортски чевли можат да се вклопат неверојатно добро во речиси сите стилови на секој вид на облека но само доколку знаете како да ги носите
Меѓутоа, иако патиките често се сметаат за спортски обувки, постојат и патики кои делуваат отмено и елегантно.
Денеска решивме да споделиме со вас неколку неверојатни примери што докажуваат дека можете да бидете елегантна и шик, и тогаш, кога ќе ги оставите високите потпетици во домот.


Веќе подолго време можеме да видиме патики во скоро секој стил, било да е во прашање елегантен и женствен или спортски . Едноставно, денес не можеме заобиколиме. На многумина им се омилен моден додаток во кој се чувствуваат многу удобно во текот на целиот ден.

Затоа за вас денес издвоивме едно видео. Ова може да им послужи на претставниците на појакиот пол. Еве како можат да ги искомбинираат патиките во нивниот стил на облекување.

Трикот за носење патики на модерен начин, е тие да се искомбинираат со вообичаени парчиња облека. Така на пример, доколку ги носите со „цевка“ фармерки или куси летни фармерки, веќе имате две вообичаени парчиња на себе, кои можете да ги искомбинирате со некои интересни додатоци. На пример, како шалче, обетки, очила за сонце. Како и сè што мислите дека добро ќе изгледа или пак да го задржите изгледот со уште некое едноставно парче облека.




Комбинирање на патики

Некои луѓе сметаат дека е тешка задача добро да се искомбинира фустанче со патики. Но, ако додадете на себе некои обични парчиња, практикувањето ваков стил не би требало да ви претставува некаков проблем. Овој изглед вклучува спортски дуксер, фустанче со линии и едноставни бели патичиња. На крај, за да изгледате уште посекси, ставете на лице очила за сонце.

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)