home recipes, Десерт, Храна & Рецепти БАКЛАВА КОПЕНХАГЕН

БАКЛАВА КОПЕНХАГЕН

Како предлог за празниците ви ја нудиме оваа Баклава Копенхаген.



 

750 грама кори за баклава се делат на три дела (по 250 грама).
1/ 2 маргарин и 125 грама зејтин за прскање на корите.
Во подмачкан правоаголен плех се става една третина од корите, претходно секоја кора се попрскува со мешавина на маргарин и зејтин.

ПРВ ФИЛ :

150 грама шекер во прав со 1 маргарин се мати пенасто , потоа се додава 1 јајце и пак се мати . Потоа се додава 5 лажици гриз и 1 лажица брашно , 1 пециво. Исто така и кора од еден лимон и се става врз првиот дел од корите. Врз филот се ставаат и втората половина од корите.

ВТОР ФИЛ :

2 јајца се матат со 50 грама шекер (5-6 лажици).

Потоа се додава 300 грама мелени ораси , кора од еден лимон и се истура врз вториот дел од корите. Врз вториот фил се става третиот дел од корите.

Внимателно се сечи баклавата на коцки или ромбоиди по желба. Се попарува со мешавината од маргарин и зејтин и се става да се пече во загреана рерна на тивко за да се испече убаво. Откога ќе излади (може и следниот ден ) се попарува со врел шербет.

 

ШЕРБЕТ  за оваа Баклава Копенхаген

1 килограм и 1/4 кг шекер се вари со 1 литар вода.

1-2 ванили и се сецкаат тркалца лимон , се вари да зоврие убаво и се попарува балавата ладна , а шербетот врел и се остава да се упие убаво .

Please follow and like us:

Leave a Reply

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!
Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.

Enjoy this blog? Please spread the word :)